ELECTROLUX

ELECTROLUX
WE PRODUCE, WE SELL AND WE REPAIR
satisfaction is guaranteed

Насловна arrow Каталози - Проспекти arrow Presuda Za Electrolux ABB Stocholm I Electrolux DOOEL Bitola No. TS 15-15

Details for Presuda Za Electrolux ABB Stocholm I Electrolux DOOEL Bitola No. TS 15-15
PropertyValue
NamePresuda Za Electrolux ABB Stocholm I Electrolux DOOEL Bitola No. TS 15-15
Description

 

 

Пресуда на Основен Суд Битола - Judgment of Basic Court Bitola  «ТС-15/15»

 

ВО ИМЕТО НА ГРАЃАНИТЕ НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

 

ОСНОВНИОТ СУД ВО БИТОЛА со судијата « Г. М. » претседател на совет, и судиите поротници А. Ш и Н. П. членови на совет по правната работа на тужителот « АВ Electrolux » Стокхолм - Шведска « St.Goransgatan 143 ЅЕ 105 45 » Stocholm Шведска застапуван преку полномошникот адвокат Ж. К. С. од Скопје , против тужениот « Друштво за производство на апарати за домаќинство и професионална опрема, нерѓосувачки челик, индустриски, четки, палензо, гумени производи, електрични греачи, правосмукалки, иробот, дизајн лаб трговија на големо и мало, услуги, спорт ,академија и кооперација увоз-извоз ЕЛЕКТРОЛУКС ДООЕЛ Битола ул.Цар Самоил З6 Битола Македонија », застапуван од полнoмошник адвокат Николчо Лазаров од Скопје, основ «повреда на право од индустриска сопственост», вредност 40.000,оо денари, по одржаната усна и главна и јавна расправа во присуство на полномошниците на странките на ден « 26.01.2016 » година, ја донесе следната:

 

П РЕСУДА

 

 Тужбеното барање на тужителот со кое бараше да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот, за трговската марка : Electrolux ( во збор) со регистарски број 03982, регистрирана за производи од класата 03,07,09,11 и 21 од Меѓународната класификација на производи и услуги; и electrolux ( во збор) со регистарски број 03983 , регистрирана за производите од класите 01,03,04,06,07,08,09,10,11,12,14,17,18,20,21, и 24 од Меѓународната класификација на производи и услуги , и да му се забрани на тужениот да ја користи оваа трговска марка; да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот за трговската марка zanussi ( во збор) со број на пријава ТМ-2013/556 , за производи и услуги од класата 28 од Меѓународната класификација на производи и услуги и да му се забрани на тужениот да ја користи оваа трговска марка , како и да и се наложи на Македонската академска истражувачка мрежа (МАРНЕТ) да ги поништи регистрациите на домените :

1. www.elektroluks.com.mk

2. www.electrolux.com.mk,

3. www.electroluxpalenzo.mk

4. www.electroluxappliances.com.mk

5. www.electroluxprofessional.com.mk

6. www.elektroluxmakedonija.com.mk

7. www.electrolux.mk

8. www.elektroluks.mk

9. www.electroluxservice.com.mk

10. www.electroluxheatingelements.com.mk

11. www.akademijaelectrolux.com.mk

12. www.electroluxdesignlab.mk

13. www.elektroluks.net.mk

и да ги деактивира истите и да ги избрише од Регистарот на МАРнет, како и да му ги надомести на тужителот парничните трошоци во износ од 123.700,оо денари, СЕ ОДБИВА КАКО НЕОСНОВАНО.

 

СЕ ЗАДОЛЖУВА тужителот да му ги надомести предизвиканите парнични трошоци на тужителот во износ од 73.699,оо денари, во рок од 8 дена по приемот на оваа пресуда, а за разликата до бараните трошоци од 74.835,оо денари, барањето на тужениот СЕ ОДБИВА.

 

Образложение

 

Тужителот во завршен збор предложи да се утврди дека тужениот го повредил правото на трговска марка на тужителот, за трговските марки : Electrolux ( во збор) и за трговската марка Zanussi ( во збор) кои биле регистрирани во Државниот завод за индустриска сопственост со посебни регистарски броеви , од соодветни класи на производи и услуги на име на тужителот, имал исклучиво право истите да ги користи во прометот за означување на своите производи и услуги заради тоа што смета дека тужениот користејќи ги своите регистрираните домен - имиња преку интернет , неовластено користел знаци слични или идентични со трговските марки и производи и услуги на тужителот, и дека со таквата сличност стварал забуна кај просечниот потрошувач за тоа за чии производи и услуги се работи. Таквите дејствија претставувале повреда во смисла на чл.206 ст.1 , 2 и 3 од Законот за индустриска сопственост според која законска одредба, тужителот како носител на трговските марки имал исклучиво право истите да ги користи во прометот за означување на своите производи и услуги,и според која законска одредба тужителот како носител на трговската марка имал право да забрани користење во прометот на знак кој е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги.доколку таква сличност може да создаде забуна кај просечниот потрошувач . Заради тоа во вториот дел од тужбеното барање предложи и да му се забрани на тужениот користењето на овие две трговски марки, повикувајќи се на примена и на чл.25 од Правилникот на МАРНЕТ бидејќи повредата била сторена преку интернет, што било видно и од изведените докази - вештачење и записници за утврдени факти од нотар. Наведе и тоа дека тужениот постапувал спротивно на чл.50 од ЗТД со тоа што фирмата под која бил регистриран преку интернет и регистрираните домени не ја употребувал со кирилично писно, туку на латиница , со што ја повредувал трговската марка на тужителот. Во третиот дел од тужбеното барање побара судот да наложи на МАРНЕТ да ги поништи регистрациите на домените - домен имињата ( 13) регистрирани на име на тужениот , да ги деактивира истите и да ги избрише од Регистарот . Смета дека непостои пресудена работа бидејќи фактичката состојба сега била различна во однос на онаа утврдена со пресудата на Врховниот Cуд , кои факти се однесувале на 2007 година , а сега се однесуваат на утврдени факти во 2013 година и подоцна. Трошоци побара.

Тужениот предложи тужбата да се отфрли поради пресудена работа бидејќи со пресуда на Врховниот Cуд Рев. 1 бр. 220/2012 од 13.06.2013 година , која се наоѓа во судските списи на овој суд ТС.бр.110/11, било одбиено тужбеното барање на истиот тужител против истиот тужен , по ист основ - за утврдувањето на повреда на правото на индустриска сопственост за истата трговска марка. Во секој случај доколку судот не ја отфрли тужбата да го одбие тужбеното барање како неосновано со оглед било конфузно поставено , небило нити јасно што бара тужителот со предметната тужба , каква заштита бара, дали бара заштита на трговска марка, дали бара заштита на домените содржината на сајтовите за приложил записници од нотар, дали бара заштита на името на трг.марка , симболите или знаците, со наводи дека тужениот не сторил никаква повреда на павот на трговските марки на тужителот.

 

FilenamePresuda za Electrolux ABB Stocholm i Electrolux DOOEL Bitola No. TS 15-15.pdf
Filesize218.96 kB
Filetypepdf (Mime Type: application/pdf)